Хамас соопшти дека одржува консултации околу предлогот за примирје во Газа
Хамас, организација која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка, соопшти дека денеска (4 јули) одржува консултации со други палестински движења околу предлогот за примирје во војната со Израел, што е можен знак дека се подготвува за преговори за прекин на огнот во Газа.
Изјавата дојде пред посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон во понеделник (7 јули), во период кога претседателот Доналд Трамп се залага за завршување на војната.
Конфликтот во Газа започна со невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година...