По полициската акција продолжуваат протестните блокади во Белград
Протестните блокади на сообраќајниците во Белград продолжија по полициската акција во која вечерта претходно на повеќе локации во главниот град и во Нови Сад беа уапсени речиси 80 лица.
Демонстрантите на 3 јули ја блокираа Автокоманда, еден од најголемите кружни текови во Белград.
„Ни ги тепаат децата, ги ловат како зајаци, по улици, по влезови. Четворица студенти завршија на Воено-медицинската академија“, се наведува на Инстаграм од страна на неформалното здружение на граѓани од Вождовац, кое заедно...