Новинар во затвор: Ослободениот репортер на РСЕ зборува за тортурата во белоруските затвори
По „убавиот“ летен викенд поминат во село во посета на пријатели со неговата сопруга Ина, новинарот Ихар Карнеи бил расположен кога отишол на шопинг еден понеделник наутро пред две години.
Тој не стигнал далеку. Неколку секунди откако го напуштил станот, видел сенка на скалите - и му се приближил офицер од КГБ, како што сè уште се нарекува главната агенција за домашна безбедност во Белорусија речиси 35 години по распадот на Советскиот Сојуз.
„Се покажа дека имало заседа кај депонијата за ѓубре“,...