Предметот за пожарот во Кочани ќе се суди во Кривичниот суд во Скопје
Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска(2 јули) е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ, со кое се утврдува дека скопскиот суд е стварно и месно надлежен за оценка на обвинителниот акт.
Како што соопштија од Основен кривичен суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје е опреден како надлежен за постапката, па во тој правец, доставениот обвинителен акт, согласно АКМИС ...