Курти: Ќе направиме сè за да се конституира Собранието на Косово до крајот на јули
Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти изјави дека ќе направи сè за новото Собрание да биде конституирано до крајот на јули, a во духот на соработка меѓу политичките партии.
По двочасовната средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, Курти истакна дека законските рокови течат и дека конституирањето на новиот собраниски состав мора да се случи во последната недела од јули.
„Ќе сториме сè што можеме за да го оствариме тоа во дух на соработка, со идеја за консензус или компромис...