„Големиот прекрасен закон“ на Трамп усвоен во Сенатот, следува гласање во Претставничкиот дом
Американскиот Сенат, во кој мнозинството го контролираат републиканците, го усвои големиот закон на Доналд Трамп за намалување на даноците и трошоците, наречен „Големиот прекрасен закон“.
Потпретседателот Џej Ди Венс го даде одлучувачкиот глас, усвојувајќи го законот откако сенаторите беа изедначени во гласовите 50-50.
Предлог-законот сега се враќа во Претставничкиот дом за конечно одобрување.
Претставничкиот дом, кој исто така е контролиран од републиканско мнозинство, го одобри законот минатата недела и го испрати до Сенатот...