Над 40 проценти од младите не веруваат во брза интеграција на Македонија во ЕУ
Повеќе од 40 отсто од младите во земјава ја доживуваат Европската Унија позитивно, 24 проценти имаат негативен став за Унијата, додека нешто над една третина или речиси 35 проценти од младите се неутрални. Ова го покажуваат резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на јуни 2025 година со учество на над 1000 млади лица од земјава.
Истражувањето е дел од поширока анализа за ставовите на младите кон Европската Унија и се реализира во рамки на соработката меѓу Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП Скопје)...