Еврокомесарката Кос во Скопје, власта со порака дека сака поскора интеграција во ЕУ
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска (30 јуни) попладне пристигна во Скопје каде одржува билатерални средби со лидерите од земјите од регионот, додека утре (1 јули) ќе биде дел од Самитот ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст.
Кос, која на скопскиот аеродром ја пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија Тимчо Муцунски, веќе ја одржа првата средба со македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски.
„На средбата се разговараше за европската перспектива на регионот...