Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ
На вториот Конгрес на Движењето ЗНАМ - за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата и е избран за претседател. Тој се заблагодари за изборот и нагласи дека има намера да создава нови лидери бидејќи движењето ЗНАМ работи и ќе работи, вели, со и за граѓаните, како нова политичка сила која во изминатиот период од 14 месеци се потврди и докажа.
Пред присутните претседателот на ЗНАМ вети дека никој, како што рече, нема да побегне од одговорност без разлика кој...