Димитриеска-Кочоска: Досега нема понуди за брзата пруга од Коридорот 10, рокот продолжен до 7 јули
До овој момент нема пристигнато понуда за изградба на брзата пруга од Коридорот 10 бидејќи целиот проект е комплексен и на банките им треба време да може да ги анализираат сите работи, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
На прес-конференција во Владата, каде даде отчет за сработеното во првата година од Владата, министерката рече дека рокот за достава на понудите е 7 јули кога ќе се знаат повеќе детали.
„Интересот е многу голем. Ние пуштивме барање за понуда до 22 институции...