Муцунски: Софија да се однесува рационално и да не заглавува во ретроградни наративи
Софија е влезена во многу опасен наратив, кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО, а кој одговара на трети страни кои сакаат нестабилност во регионот, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција на која даде отчет за стаботеното во изминатата година
„Сакам да ја повикам Софија да се однесува рационално, да не биде заглавена во ретроградните наративи кои што за жал одредени кругови во таа држава ги граделе по однос на македонското прашање историски наназад.