Хамнеи: САД „не добија ништо“ од нападите врз Иран
Во телевизиско обраќање во четврток, 26 јуни, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи предупреди дека секоја идна агресија против Иран ќе има голема цена.
Хамнеи, исто така, рече дека способноста на Иран потенцијално да стигне до големите американски воени бази е значително достигнување и додаде дека ваквите акции би можеле да се повторат доколку агресијата се обнови.
Врховниот лидер на Иран изјави дека архинепријателот Израел „речиси се распадна“ по одмаздничките напади на Исламската Република...