Владината потрошувачка кошничка ќе опфаќа четиричлено семејство
Владината потрошувачка кошничка сепак ќе биде за четиричлено семејство, а не за тричлено, како што досега се најавуваше. Ова денеска (26 јуни) го потврди министерот за економија Бесир Дурмиши.
Според Дурмиши, потрошувачката кошничка ќе биде пореална од синдикалната и ќе биде донесена на првата седница на Економско-социјалниот совет што треба, која како што додаде, треба да се одржи наскоро.
„Затоа правиме нова потрошувачка кошничка, затоа што ќе биде со реални податоци колку му треба за еден месец...