МНР: Македонските граѓани да се воздржат од патувања кон земјите од Блискиот Исток
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вечерва апелираше до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од Блискиот Исток да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји. Апелот следува откако Иран денеска (23 јуни) соопшти дека ги нападнал американските сили стационирани во катарската воздухопловна база Ал Удеид.
Од Министерството апелираат и македонските граѓани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион...