Вкупно 45 повредени од пожарот во „Пулс“ почнаа со рехабилитација на Пониква
Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се наоѓа првата група од 45 повредени лица од пожарот во клубот „Пулс“.
Со нив работат лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип, кои им овозможуваат соодветна медицинска нега и физиотерапевтска терапија.
„Престојот на повредените им годи. Превентивно носат долги ракави, заштитени се, не излегуваат преку ден на сончева светлина, а во вечерните часови се физички активни и ги користат опремените игралишта...