Стотици граѓани на протест во Белград побараа да се распишат нови избори
Неколку стотици граѓани од повеќе белградски општини протестираа вчера (21 јуни) пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК) во центарот на Белград барајќи да се распишат вонредни парламентарни избори.
Распишувањето на изборите е дел од барањата на студентите во блокада кои отпочнаа со протести низ цела Србија по падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година.
Граѓаните на вчерашниот протест побараа власта да ја „признае победата“ на опозицијата на локалните избори во Косјериќ...