Туристите заминуваат од хрватското крајбрежје додека пожарите излегуваат од контрола
Шумски пожар кој беснее на хрватското крајбрежје предизвика масовно заминување на туристите, објави агенцијата ДПА.
Повеќе туристички дестинации долж крајбрежјето се погодени од пожарот, а дел од патиштата се затворени за сообраќај – пренесоа хрватските медиуми денеска (21 јуни).
За сега, нема соопштенија за жртви поврзани со пожарот.
Огнената стихија изби на триесетина километри јужно од Сплит, во близина на приморските населби Писак и Марушиќ кои се популарни меѓу туристите.
Пожарот изби на подрачјето на Писак и Марушиќ источно од Омиш...