Муцунски: 28 македонски државјани се пријавиле за евакуација од Израел
Вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација од Израел - соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на прес конференција попладнево.
Тој истакна дека најдоцна до утрешниот ден, осум наши државјани, од кои четири деца, ќе заминат во Египет и со авион на Владата, придружени од безбедносен конвој ќе пристигнат во Скопје.
„Веднаш по добиените информации за ескалацијата на состојбата на Блискиот исток, Министерството, преку нашата амбасада во Израел...