МНР апелира до македонските граѓани да не патуваат во земјите од Блискиот Исток
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.
Израел спроведе, како што ги нарече, „превентивни“ напади врз иранските нуклеарни објекти и воени локации низ целата земја на 13 јуни, со предупредување дека нападите ќе продолжат сè додека е потребно...