Филков: Правиме напори пет од реформските законски побрзо да влезат во собраниска процедура
За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда со рок до јуни, 2025 година Министерството за правда прави напори најдоцна до 23. месецов да влезат во собраниска процедура, вели министерот за правда Игор Филков на почетокот на денешниот брифинг со медиуми.
Тој уверува дека најголемиот дел од законите се доставени и се во владина постапка.
За три од законите од Реформската агенда е потребно Бадентерово мнозинство.
Филков рече дека ова е работа за која сите треба да бидат свесни...