Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија
Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
Тој е избран на денешната седница на Светиот архиерејски синод, без ниту еден глас против.
Назначен е на местото на упокоениот митрополит Тимотеј.
Поранешниот декан на Богословскиот факултет Ѓоко Ѓорѓевски се замонаши на 27 мај, на 28 мај беше произведен за јероѓакон, а на 29 мај беше избран за јеромонах.
Инаку одлуката за избор на митрополит се носи со просто мнозинство. Во црковните редови има 12 владици, кои управуваат со епархии...