Кривична пријава за градоначалникот на Росоман
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднела кривична пријава против С.Н. во својство на градоначалник на Општина Росоман.
Како што соопштија од Финансиската полиција, пријавениот С.Н. во својство на градоначалник на Општина Росоман, во текот на 2022 и 2023 година постапил спротивно на Закон за градење чл. 58 став 2, а во врска со член 205 став 1 и чл. 209 од Закон за општа управна постапка, на начин што изготвил 6 лажни јавни исправи, од кои 4 одобренија за...