Струшкиот градоначалник Мерко доби ослободителна пресуда за набавката на службениот автомобил
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, доби ослободителна пресуда во предметот што се водеше против него за наводна злоупотреба на службената положба при набавката на службен автомобил „ауди“ во вредност од 67 000 евра. Според обвинителниот акт, тој го набавил автомобилот во услови кога општината се наоѓала во долгови и со блокирана сметка, а обврските и се сервисирале преку релоцирање средства од централниот буџет на државата.
Основниот кривичен суд во Скопје денеска (9 јуни) оцени дека нема доволно...