Јахоски се вратил од Истанбул и се пријавил во Кривичен, од Апелација велат дека не издаваат патни исправи
Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, претпладнево (2 јуни) се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил обврската за редовно пријавување во судот во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, потврдуваат од Кривичен за МИА.
Како што соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Јахоски, осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, бил на патување надвор од државата.
Во соопштението се наведува дека Јахоски, кој го оштети Буџетот...