Повеќе европски држави ја повикаа Унгарија да ги ревидира мерките кон ЛГБТ+ лицата
Белгија и уште 16 земји од Европската Унија објавија заедничко соопштение во кое изразуваат „длабока загриженост“ поради кршењето на основните права на ЛГБТ+ лицата во Унгарија и ја повикуваат да ги ревидира новововедените мерки и да се усогласи со своите меѓународни обврски.
„Длабоко сме загрижени поради неодамнешните правосудни и уставни амандмани кои ги кршат основните права на ЛГБТКЈУ+ лицата, усвоени од унгарскиот парламент на 18 март и 14 април 2025 година, по другите анти-ЛГБТ+ закони веќе воведени во претходните години“...