Пратениците го донесоа Законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство
Собранието го донесе Закот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти.
За законот гласаа 82 пратеника од кои 76 пратеници гласаа „за“, шест пратеници гласаа против, а воздржани немаше.
Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, кој го презентираше законот, истакна дека документот е склучен во Лондон на 22 мај годинава...