Ваљбона Емини од Вреди е нова пратеничка во Собранието
Државната изборна комисија (ДИК) ќе го извести Собранието да го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини, на местото на пратеникот Салим Сулејмани од коалицијата Вреди.
На денешната седница ДИК констатираше дека Адили Емини го прифаќа мандатот за што и се издава писмено уверение, а по оставката на Сулејмани.
Претходно денеска (28 мај) Собранието пред почетокот на 52. седница констираше дека престанува пратеничкиот мандат на Салим Сулејмани, кој на 18. месецов поднесе оставка од сите функции во АА...