Мицкоски најави вработувања за повеќе од 16 илјади граѓани, таргет се младите
Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра и опфаќа над 16 илјади невработени, од кои очекувањата се 65 проценти да се млади до 29 години, информира на денешната прес-конференција претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Мицкоски посочи дека оперативниот план за вработување, мерки и програми кои ќе понудат работа и поддршка на пазарот на трудот бил срочен на последната седница на Владата.
„Со овој план се опфаќаат две глави точки, првата е директна поддршка за старт-ап бизниси на млади...