По повикот на Филипче, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема потреба од нова лидерска средба
Владејачката партија ВМРО-ДПШМНЕ смета дека нема потреба од нова лидерска средба. Прашан за коментар за изјавата на лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче дека ќе предложи точки за лидерска средба, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција (25 мај), изјави дека нема потреба од такво нешто.
„Првенствено би сакале Венко Филипче да не ги користи приликите за лидерска средба за да си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред само еден месец и сметаме дека нема потреба за истото.