Европската комисија ѝ се закани на Унгарија со мерки доколку донесе закон против невладините организации
Европската комисија се закани со мерки против Унгарија доколку владата на премиерот Виктор Орбан усвои контроверзен закон со кој се ограничува работата на невладините организации.
Воведувањето на законот за „транспарентност во јавниот живот“ би наметнало строги прописи за невладините организации финансирани од странство, кои се сметаат за ризик за суверенитетот на Унгарија, пишува ДПА.
Според Комисијата, предлог-законот, поднесен до унгарскиот парламент од конзервативната националистичка партија Фидес на Орбан...