Трајко Славески е кандидат за гувернер на Народната банка
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го предложи проф. д-р Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка.
Славески, кој е актуелен претседавач на Советот на град Скопје, е универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии.
Претседателката својот предлог веќе го доставила до Собранието, кое новиот гувернер на Народната банка треба да го избере на пленарна седница со просто мнозинство.
„При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста...