Истече рокот за регистрација за претседателските избори во Боливија, спречена кандидатура на Моралес
Истече рокот за регистрација на кандидатите за претседателските избори во Боливија, кои треба да се одржат во август, со што заврши обидот на поранешниот претседател Ево Моралес да се кандидира за четврти мандат.
Одлуката на Уставниот суд на Боливија минатата недела ја потврди забраната за служење повеќе од два претседателски мандати, спречувајќи го Моралес повторно да се кандидира.
Моралес, кој владееше од 2006 до 2019 година и беше првиот претседател на Боливија со староседелско потекло, го оспори исклучувањето од изборите...