Папата побара да се дозволи влез на хуманитарна помош во Газа
Папата Лав XIV упати итен апел да се дозволи „пристојна количина хуманитарна помош“ во Газа и да се стави крај на непријателствата, за кои рече дека ужасна цена плаќаат децата, старите лица и болните.
„Ситуацијата во Појасот Газа е сè позагрижувачка и потешка“, рече папата за време на неговата редовна аудиенција на плоштадот „Свети Петар“, пренесува АФП.
Апелот на Папата доаѓа откако невладината организација „Лекари без граници“ го обвини Израел дека дозволил „смешно недоволна“ количина помош во Газа во споредба со потребите на територијата...