Макрон се надева дека ќе се обнови дијалогот Косово - Србија
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се надева оти дијалогот меѓу Косово и Србија ќе биде рестартиран „во наредните недели“.
Тој оваа изјава ја даде на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, откако беше прашан за критиките на косовската претседателка Вјоса Османи дека Европската унија го губи кредибилитетот.
„Поминавме многу време во дијалогот меѓу Белград и Приштина. ЕУ има легитимитет да бара конкретен напредок за политичките прашања“, рече Макрон за време на неговата посета на Албанија...