Меџити: Разговараме со пратеници од опозицискиот Европски фронт, можеби ќе преминат од другата страна
И по заминувањето на Арбен Таравари, во албанскиот дел имаме легитимитет и ист број пратеници, 13-14, изјави денеска вицепремиерот Изет Меџити. Тој претпладнево, по отворањето на конференцијата „Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан“, им рече на новинарите дека во моментов Владата има стабилно мнозинство, но и дека се преговара со пратеници од Европскиот фронт, за кои рече „се опозиција и можеби ќе преминат од другата страна“.
На новинарско прашање дали тие ќе дејствуваат како дел од пратеничката група на Вреди...