Мицкоски: Бидете трпеливи, наскоро ќе номинираме нови имиња по излегувањето на крилото на Таравари
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека во периодот што следува ќе бидат номинирани нови имиња на местото на Алијанса за Албанците, крилото на Арбен Таравари, откако излегоа од владината коалиција.
„На редовниот Извршен комитет синоќа разговаравме за актуелната економска и политичка состојба во државата. Членовите на ИК ме овластија во периодот којшто следи да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние коишто одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ односно од партијата на Арбен Таравари“...