Добавить новость

Дванаесет години затвор за возачот кој ја прегази Фросина

Дванаесет години затвор доби Васил Јованов, кој пред пет месеци на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази младата Фросина Кулакова. Тој е обвинет за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Јованов доби и забрана за управување возило во траење од пет години. Видно вознемирен и незадоволен од пресудата, таткото на Фросина, ја напушти судницата извикувајќи „Судот - мафија“. Мајката и сестрата на Фросина останаа во судницата до крајот на читањето на пресудата.
Губернаторы России



Заголовки
Заголовки
Moscow.media
Ria.city

Новости России




Rss.plus

Музыкальные новости


Новости тенниса







Новости спорта