Стручен тим ќе ја одблокира доизградбата на објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичко образование
Зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе продолжат да се градат откако ќе биде направена стручна анализа од работна група која, на иницијатива на МОН, ќе ја координира Градежниот факултет на УКИМ.
Нивната изградба, во близина на Ректоратот на Скопскиот универзитет, почна во 2015, беше запрена во 2019, а повеќе од шест години нема никаква теренска активност.
Во меморандумот што денеска (6 мај) го потпишаа првите луѓе на МОН...