Мицкоски: Таравари има две опции за избор - реформска влада или оние што ја „клекнаа“ државата на колена
Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди попладневната средба со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на едното крило од Алијанса за Албанците.
Од средбата, Мицкоски очекува Таравари да каже дали ќе остане во Владата или ќе оди со ДУИ.
„По мене, има две опции за избор. Едната опција е оваа која што ја нуди оваа Влада на реформи, на промени, на испорака за граѓаните и втората опција е онаа опција која што години наназад, би рекол повеќе од две децении, ја криминализираше државата, ги уништуваше...