Одлука за Законот за јазиците по локалните избори
Подготвителната седница за Законот за јазиците е закажана за 19 јуни, изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој во интервју за емисијата Трилинг објасни дека поради трагедијата во Кочани, Судот еднаш ја одложи седницата, а неговите проценки се дека после локалните избори наесен за да се избегне етнизација и политизација, веќе ќе има одлука на Судот.
“Моја проценка е дека конечната одлука ќе биде донесена после изборите. Да не се случеше трагедијата, подготвителната седница ќе беше веќе завршена...