Димитровска: Мојата комуникација со семеен пријател беше пред да биде обвинет во „Адитив“
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, која е осомничена за кривичното дело „одавање службена тајна“ во случајот „Адитив“, вели дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата со која раководи во никој случај не смее да биде оспорен.
Во соопштение до јавноста, една недела откако беше вклучена во проширената истрага за овој предмет, Димитровска тврди дека комуникацијата со лицето за кое вели дека ѝ е семеен пријател, а кое подоцна било обвинето во случајот...