Нерегистрирано ракетно гориво-можна причина за експлозијата во иранско пристаниште
Силна експлозија, наводно поврзана со пратка хемиска состојка што се користи за производство на ракетно гориво, уби најмалку 40 лица, а повреди повеќе од 800 други во јужниот ирански пристанишен град Бандар Абас, соопштија агенциите.
Властите во Иран не понудија јасно објаснување за тоа што ја предизвика експлозијата на 26 април во пристаништето Шахид Раџаи, иако независни експерти рекоа дека причината е неправилното складирање на натриум перхлорат, компонента што се користи во ракетното гориво....