Папата Франциск ќе биде погребан в сабота
Папата Франциск ќе биде погребан в сабота, на 26 април, во 10:00 часот. Ватикан веќе ги објави првите фотографии од телото на папата.
Еден ден откако почина од последици од мозочен удар, телото на папата Франциск сè уште се наоѓа во Домот Света Марта, каде што закрепнуваше по повеќе од еден месец поминат во римската болница Гемели, поради пневмонија.
Според планот, телото утре ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар, за верниците да можат да му оддадат почит.
Во согласност со неговата желба изразена во тестаментот...