Културата нема да молчи и да се плаши, порачаа културните работници
Неисплатените плати и непочитувањето на колективниот договор беа главните причини поради кои културните работници денеска (22 април) одржаа протестен Совет пред Министерството за култура. Тие побараа почитување на колективните договори и законите, достоинствени услови за работа, транспарентност и професионално управување со културните институции, ослободени од партиска контрола.
Бараат и стратегија за развој на културата и закон за култура во чие подготвување ќе учествуваат токму тие, како и соодветни...