Пожарот во Кочани ја зеде 62-та жртва, двајца пациенти се во критична состојба
Уште еден пациент им подлегна на повредите од пожарот во Кочани, со што бројот на жртви во трагедијата се искачи на 62 лица.
Од Министерството за здравство попладнево (17 март) информираа дека согласно информации од Воено-медицинската академија во Белград, денеска претпладне, на повредите им подлегнал Стојанче Стефанов од Кочани, роден во 2001 година.
„Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови, веднаш е упатен на лекување во Воено-медицинската...