Започна рочиштето за нападот во Бањска
Пред Основниот суд во Приштина денеска (17 април) се одржува првото рочиште во случајот Бањска против Владимир Толиќ, Благој Спасојевиќ и Душан Максимовиќ, кои беа уапсени по вооружениот напад во Бањска на северот од Косово во септември 2023 година, кога вооружена група Срби ја нападна косовската полиција и го уби полицаецот Африм Буњаку. Во размената на оган беа убиени и тројца напаѓачи.
Во септември 2024 година, Специјалното обвинителство на Косово подигна обвинение против 45 лица за тероризам...