Најмногу дискриминација во работните односи, најголеми дискриминатори-државните институции
Работата и работните односи се најчестите области во кои се пријавува дискриминација, но исклучително зголемен е бројот на претставки во областа на членувањето во синдикалното организирање. Ова го покажува најновиот Годипен извештај за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година во однос на 2023-та. Во него исто така се забележува благо намалување на бројот на претставки за 20 отсто.
Зголемен е бројот на претставки во однос на националната или етничка припадност, зад што најчесто стои политичко уверување.