Алжир им нареди на 12 француски дипломати да ја напуштат земјата
Алжир им нареди на 12 вработени во француската амбасада да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, потврди францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро за весникот Фигаро.
„Оваа одлука, како што се смета, е одговор на апсењето на тројца алжирски државјани осомничени за тешки кривични дела на француска територија“, изјави Баро.
Според телевизијата BFM TV, тој ја оцени мерката како „неоправдана“.
„Одлучивме заедно со алжирската влада да ја обновиме линијата на дијалог во служба на нашите две земји.