Најмалку седум луѓе загинаа при израелски напади во Газа
Најмалку седум луѓе загинаа при израелски воздушен напад врз автомобил во центарот на Појасот Газа, јавуваа германската новинска агенција ДПА повикувајќи се на на палестински медицински извори.
Инцидентот се случил во градот Деир ал Балах, велат тие. Првично не беше објавен идентитетот на жртвите. На прашањето, израелската војска рече дека го истражува извештајот.
Информациите од Појасот Газа првично не можеа да бидат независно проверени.
Израел ги продолжи нападите врз Газа на 18 март, по пропаѓањето на прекинот на огнот...