Тивок протестен марш на роднините на загинатите во пожарот во Кочани
Во тишина, со фотографии од загинатите најмили во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, стотици граѓани излегоа на протестен марш по мотото „задоцнета реакција“. „Нашите ангели заслужуваат правда“, „Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Стоп за селективна правда“, беа дел од пораките на транспарентите, кои ги носеа семејствата на загинатите млади луѓе.
Учесниците на маршот тргнаа од Паркот на Револуцијата во 12 часот и 5 минути, со што го искажаа незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции...